Без струја утре и задутре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

од Stefanija Kuzmanovska

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 09 до 13 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Шар Планина“ во населбата „Даме Груев“, а од 09 до 15 часот дел од улицата „Мечкин Камен“ во општина Ѓорче Петров.

Во среда, според информациите на РЦУК, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош.

Прекините се поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа.

Слични содржини