295
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф-100 мм на ул. „Атинска“ бр.16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Атинска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 ч до завршување со работните активности.
Исто така поради изведување на водоводен приклучок Ф150мм. на улица „1550“ бр.40, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на Индустриска зона Визбегово.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на дефектот.