Безбедносни официјални лица веруваат дека ќе биде потребен до еден месец за да се изврши доволен воен притисок врз Хамас и да се отвори нова можност за примирје и ослободување на нови заложници во Појасот Газа, јавува израелското воено радио.
За да се постигне ова, воените операции ќе мора да продолжат и на север и на југ од палестинската енклава, се вели во извештајот, без да се наведе изворот.
Како дел од еднонеделниот договор за прекин на огнот, кој истече во петокот, 105 цивили беа ослободени од заробеништво на Хамас во Газа, меѓу кои 81 Израелец, 23 државјани на Тајланд и еден Филипинец. Претходно беа ослободени четворица заложници, еден беше спасен, а пронајдени се најмалку три тела.
Се верува дека уште 138 заложници остануваат во Газа, вклучувајќи околу 20 жени и две мали деца.