Безживотно тело на киднапирана жена пронајдено во дупка во атар на гостиварско село

Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка.

Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место.

Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки.

По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.