Безживотно тело на жена извлечено од водите на Охридското Езеро

од Берта Китинска
236 прегледи

Од водите на Охридското Езеро попладнево е извадено безживотно тело на жена, информираат од СВР Охрид.

Случајот во СВР Охрид го пријавиле граѓани.

-Безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео.Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето,информираат од полицијата.