Безживотно женско тело пронајдено во канал на хидросистемот „Брегалница“

од Nikola Popovski
40 прегледи

Рано утрово пронајдено е тело на женско лице на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во кочанската населба Оризари. Вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавената жена да се извлече од каналот.

Според сè уште непотврдени информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил нејзиниот син.

На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена.

Слични содржини