Државата мора да ги контролира фирмите феномени на екстра профитот. Јас таквите компании ги нарекувам „супер профит мејкери“. Сериозни држави не толерираат компании кои остваруваат екстра профити надвор од сите логични економски стандарди, некои држави знаат таквите компании и да ги конфискуваат, вели академик Абдулменаф Беџети во интервјуто за „Слободна ТВ“.
Нашата држава, вели академикот, се плаши.
„Ако ништо друго таквите компании барем треба екстремно да ги оданочува. Да ги оданочува профитите остварени во вонредни околности. Но нашите влади тоа не го прават. А зошто нашата влада тоа не го прави? Па не го прави затоа што се плаши, затоа што нема смелост. А нема смелост затоа што мисли дека наводно бизнисот има огромно влијание во политиката што сметам дека и е погрешно. На пример, на што личи за даночни реформи да одите да го прашате големиот бизнис. Што очекувате дека оттаму можат да ви кажат, истакнува тој.