БГНЕС: Проруска македонска организација испраќала дојави за бомби до училишта во Бугарија

од Nikola Popovski
110 прегледи

Проруска македонска националистичка организација испратила мејл со закани за бомби до училишта во Стара Загора, Бугарија, информира агенцијата „БГНЕС“.

Како што се појаснува, ова може да се види од мејлот кој пристигнал до директорката на училиштето.

-Ние сме организација на македонски националисти. Доста ни е од Бугарија и нејзината политика. Сите училишта во Стара Загора ќе бидат разнесени од нашите бутански бомби. Сите ваши деца ќе загинат. Слава на Македонија. За Русија, стои во содржината на заканувачката порака.

Бугарското општество повторно се соочува со голем број закани за бомби, особено во тамошните училишта. Од понеделникот неколку училишта во Софија добиле заканувачки пораки. Нивниот број не е наведен. После проверките, сите биле утврдени како лажни.

Слични содржини