На сајтот на BBC во категоријата за промовирање на патувања осамна статија посветена на Охрид и охридскиот бисер, опишувајќи го како тајно богатство.
На брегот на едно од најстарите езера во Европа, две фамилии цврсто ја чуваат тајната повеќе од 100 години: бисер од риби, пишува BBC.
На самата граница на Северна Македонија и Албанија, Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа. Ова културно и природно богатство заштитено од страна на УНЕСКО, е дом на 212 познати ендемски видови на флора и фауна. Едно од нив е и рибата плашица која се користи како главна состојка за подготвување на едно од најпознатите богатства таму: охридскиот бисер.
Повеќе од 100 години, постојат две фамилии кои знаат како да се произведе бисерот, Талеви и Филеви. За разлика од обичните бисери, охридскиот е направен од крлушките на рибата, така што се додаваат осум слоеви на тајната емулзија, што го дава специфичниот сјај. Секој слој се суши пред да биде ставен наредниот. Емулзијата се прави од крлушките на плашицата, но останатиот процес е мистерија.
Историјата на охридскиот бисер датира од 1220 година, кога емигрант од Русија ја продал техниката на овие две фамилии, а отогаш тие ја предаваат тајната вербално од татко на син. Додека обичните бисери траат околу 150 години, фамилијата Талеви тврди дека охридскиот бисер трае засекогаш, раскажува познатиот сајт.
Во последниве неколку децении, охридските сјајни бисери станаа трејдмарк на државата, а се носени и од членови на европските кралски семејства како кралицата Маргет Втора од Данска, кралицата Елизабета Втора и принцезата Дијана, заклучија од BBC.