Сите фанови на Били Ајлиш знаат дека таа е луда по Џастин Бибер, а сега стана јасно дека и таа нему, во најмала рака, му е драга. Имено, во интервју за Apple’s Music, бибер се расплакал зборувајќи за младата колешка. Како што рекол, сакал да ја заштити, бидејќи и нему му било тешко кога на нејзини години влегол во светот на музичката индустрија.
– Нека работи по свое. Доколку ѝ требам, тука сум за неа – рекол Бибер и потоа се расплакал.
– Сакам да ја заштитам, не сакам да се изгуби. Не сакам да поминува ни истото низ кое поминував и јас, не сакам никој да минува низ тоа – додал Бибер.
Били никогаш не криела дека е голема обожавателка на канадскиот пејач. Неколку пати била уловена како носи маица со неговото име, а неговиот постер се уште е закачен во нејзината соба.