Бибер: Во интерес на Македонија во моментов е да има ефективна влада

од Берта Китинска
560 прегледи

Експертот за Балкан, професорот Флоријан Бибер, во изјава за Канал 5 вели дека македонскиот премиер Зоран Заев со најавената оставка се обидува да испрати порака до ЕУ, особено до земјите-членки, дека поразот или загубата на неговите коалициски партии „има голема врска со блокадата со која Македонија се соочува постојано за зачленување во ЕУ или за почеток на пристапни преговори“.

„Пораката која ја сфаќам од него е примарно насочена кон ЕУ, да каже: видете, ова е нередот кој вие го оставате зад вас со тоа што дозволувате земји како Бугарија да го блокираат нашиот процес и покрај тоа што сите се согласуваат дека е заснован врз заслуги и дека е оправдано да почне. Го сфаќам како таква порака и мислам дека тоа е секако релевантна и важна порака. Дали неговата оставка е претерана реакција, не знам. Ако помогне пораката исходот ќе биде добар, но секако треба да видиме дали ќе биде така“, вели Бибер.

Тој вели дека од клучно значење за решавање на спорот со Бугарија е стабилноста на владата во Скопје.

„Во најголем интерес на Македонија во моментов е да има ефективна влада, која ќе може да ги продолжи преговорите со Бугарија за одблокирање на интеграциите во ЕУ.Мислам дека Влада која е стабилна, ќе помогне. Спорот нема сам по себе да се реши, но ќе има адреса, некој кој ќе има политичка стабилност и нема да се грижи за избори за неколку месеци“, вели Бибер.

Слични содржини