Бибер за оставката на Заев: Не мора како премиер да продолжите по секоја цена додека не ве избркаат од функција

од Берта Китинска
240 прегледи

Северна Македонија нема како да попушти на суштински план пред барањата на Бугарија и за надминување на ветото во ЕУ ќе треба некаков симболичен компромис или механизам за Софија да го спаси својот углед. А за таква промена потребен е пријателски совет од ЕУ земјите до Бугарија дека можеби треба да ги има на ум сите домашни проблеми и да преговара начин за излез од овој спор, вели, во интервју за МИА, универзитетскиот професор специјализиран за Балканот, Флоријан Бибер.

Сепак, Бибер, вели дека не гледа јасна причина зошто да верува дека ќе се случи деблокирање на ветото во декември, но дека ништо не е невозможно и ќе зависи од сигналите од Бугарија и што се случува зад кулисите, со оглед дека Германија, која е најголемиот поддржувач се наоѓа во преодна фаза на владата и останува да се види што ќе направат и другите ЕУ држави во однос на ставот на Бугарија.

За оставката и очекувањата од наследникот на Заев, европскиот пат на земјата, повлекувањето на Меркел и новата влада во Германија, како и очекувањата од француското претседателство со ЕУ и ратификацијата на договорот со Фронтекс, вели Бибер.

-Разбирливо е. И сигурно има и добра страна во таа порака дека некој се повлекува од функција и не се држи по секоја цена за фотелјата. Генерално е здрав сигнал дека не мора како премиер да продолжите по секоја цена додека не ве избркаат од функција, или додека не ве осудат на затвор итн. Добро е за земја како Северна Македонија или било која земја во регионот, каде има долга традиција на поднесување оставка само во пораз. Но во одредена мера ова е и откажување. Претпоставувам дека ќе беше посреќен да поднесе оставка откако ќе започнеа пристапните преговори со ЕУ. Тоа сега не е случај и се надеваме дека ќе може да замине со такво наследство. Она што го видовме, исто со процесот на оставка, е дека доколку таа е прерана тоа може да ја загрози целата влада, а со тоа и целиот проект. И тоа избрзување со оставката не беше мудро. Повлекувањето сега во поорганизирани услови се чини дека ќе спречи негативни последици, вели Бибер.

Слични содржини