Библиотеката на Конгресот ги отвори вратите за Дејвид Боуви, N.W.A. и „Волшебникот од Оз“

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Оригиналниот албум “Ziggy Stardust” на Дејвид Боуви, познатата песна од “Волшебникот од Оз” и албумот на лосанџелиските рапери NWA “Straight Outta Compton” ќе влезат во архивите на библиотеката на Конгресот. Најголемата библиотека во светот избра 25 нови записи, кои ќе бидат сместени во нејзините архиви за идните генерации. Групата рапери од Комптон, во која влегуваат Д-р Дре, Ајс Кјуб, Изи-И, MC Ren и DJ Yella, фактички го создаваат стилот gangsta rap со албумот Straight Outta Compton, кој излегува во 1988, и предизвикува бран на негодување поради агресивниот јазик со кој изведувачите го осудуваат насилството на полицијата.

Во коминике библиотеката на Конгресот го проценува високото општествено-политичкото значење на овој албум и неговото место во американската музичка култура.

Песната од 1939 “Over the Rainbow” ,, која беше овековечена од Џуди Гарланд во филмот “Волшебникот од Оз”, исто така е меѓу музичките наслови, оценети како достојни да влезат во библиотеката на Конгресот. Библиотеката го избра албумот “The Wiz” од 1975.

Британецот Дејвид Боуви исто така влегува во престижната селекција со албумот “The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars” од 1972.

Култното парче “American Pie” исто е рангирано, иако не во познатата изведба на Мадона од 2000г., туку во неговата оригинална фолк рок верзија на Дон Меклин од 1971.