Бидејќи ние сме биле на “нишан”, Пентагон ја вклучи Бугарија во плановите за одвраќање на Русија

од desk3
110 прегледи

Пентагон ја вклучи Бугарија во плановите за одвраќање на Русија. Тоа го изјави заменик-министерот за одбрана на САД Кристин Вормт пред Конгресот, соопшти ТАСС.

Image_4623605_407

Вормт истакна на некои позитивни резултати од претходната политика на “ресетирање” во односите со Русија, но поставил акцент на тоа дека сега “за Бугарија е многу потребно да ја потврди големата важност на запирање и нашите обврски согласно член 5-ти” од Северноатлантскиот договор “.

Станува збор за колективната одбрана на земјите-членки на НАТО.

Заменик-шефот на Пентагон објасни дека САД имаат намера да “одвраќаат понатамошната руска агресија” во Европа, закана за стабилноста на континентот. Според неа САД веќе имаат преземено голем број мерки, вклучувајќи “обезбедување на значително воено присуство во земјите од Балтикот, Полска, Романија и Бугарија”.

Вормт информираше и дека во последната година САД “трикратно го зголемија учеството на своите воздухопловни сили во патроли на воздушниот простор во регионот на Балтикот”,се проширија заедничките вежби со полските воени пилоти и 14 пати праќале свои воени бродови во Црното и Балтичкото Море.

Доцна синоќа американскиот државен секретар Џон Кери и сенаторот Кристофер Марфи, ја исцртаа “огнена линија” околу Бугарија на Балканот.

Пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот Кери изјави дека голем број европски земји, меѓу кои Македонија, Косово, Србија и Црна Гора се наоѓаат на “нишан”, кога станува збор за односите меѓу Вашингтон и Москва.

За време не дебатите во Комисија сенаторот Кристофер Марфи рече дека Русија буквално маршира во Србија како никогаш досега “се разигрува коњот на Балканот”, водејќи асиметрична војна тука.

“Кога станува збор за Македонија, Косово, Србија и Црна Гора, како и за земји како Грузија, Молдавија, Транснистрија – тие се на нишан”, рече Кери, одговарајќи на сенаторско прашање за руското влијание во Европа. Тој се согласи со тврдењето на Кристофер Марфи дека “Русија води успешна пропагандна војна во контекст на украинската криза”.