Утринава околу еден часот по полноќ, на ул. Херој Карпош во Крива Паланка е пронајдено женско лице со иницијали Ј.Н. кое било голо, врзано со ланец за нозете и заклучео со катанец. Истото, според извори од Здравствениот Дом во Крива Паланка било предмет на силување, малтретирање и изживување од засега непознат сторител, бидејќи истиот на крај и ја исекол косата и ја оставил така.
Лицето Ј.Н. и е познато на кривопаланечката јавност по тоа што е штитеник на дневниот Центар за лица со посебни потреби и како лице кое живее без родители и е без никаква здравствена заштита и покрај епилептичните напади кои ги има многу често.
По тој повод ОО СДСМ Крива Паланка бара одговор на повеќе прашања:
Дали по однос на случајот е извршен увид на лице место од страна на полицијата и ако не е зошто е направен пропуст?
Зошто директорката на Центарот за социјални работи – Олгица Ристовска, иако запознаена не се појави на местото на настанот. Зошто и покрај добро познатата состојба на ова лице, директорката до сега не го смести трајно лицето Ј.Н. во некоја од надлежните институции. Како тоа државата штеди на вакви случаи, а има пари за споменици и панорамски тркала.
Дали и што превзема Јавниот обвинител по однос на овој случај, бидејќи веќе се шпекулира дека сторителот и е познат на полицијата. Дали ова ќе биде уште еден случај на забошотување и сокривање на сторителите на вакви грозоморни дела.
Поради тоа бараме директорката на Центарот за социјални работи Олгица Ристовска веднаш да си поднесе оставка на функцијата, а Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка да свика итна седница на општинскиот совет на која ќе бидат повикани сите надлежни.
Според законот ова е тешко кривично дело, а сторителот треба да биде откриен и соодветно казнет.
Токму поради тоа ОО СДСМ Крива Паланка, згорзена од овој настан, бара брзи одговори и експедитивност од надлежните институции и првите луѓе во нив.