Пилешкото месо често се смета за најдобро затоа што може да се користи за приготвување на речиси секое јадење, меѓутоа, премногу протеини што ги содржи може да му направи проблем на организмот.
Разновидната исхрана е клучот за здрав живот, а тоа важи и за пилешкото – премногу од истата храна никогаш не може да биде добра. Иако не е калорично, сепак може да доведе до зголемување на телесната тежина, што секако е лошо за здравјето на срцето. Содржи и многу протеини, што дополнително може да создаде проблем.
Премногу протеини
Идеално, околу 10 до 35 проценти од дневниот внес на калории треба да се состои од протеини. Но, премногу протеини во телото може да доведе до акумулација на маснотии. Премногу масти доведува до зголемување на телесната тежина што дополнително го зголемува нивото на липиди во крвта. Затоа не претерувајте со секојдневното консумирање на ова месо.
Здравје на срцето
Премногу пилешко во исхраната може да доведе до покачено ниво на холестерол, а сите веќе добро знаеме дека тоа е поврзано со болести на срцето и крвните садови.
Проблеми со одржување на тежината
Конзумирањето премногу протеини од животинско потекло, како што е пилешкото, може да го отежне одржувањето на здрава тежина. Луѓето кои можат без месо, како што се веганите, често имаат понизок индекс на телесна маса од луѓето кои јадат месо секој ден.
Поголеми шанси за труење со храна
Подготовката на пилешко не е толку лесна задача. Ако месото не сте го подготвиле целосно или зеленчукот дошол во контакт со свежо месо или сте го оставиле истото преработено месо да лежи на сонце, големи се шансите да се отруете од храна. Тоа се бактерии кои се наоѓаат во суровото месо, како што е салмонелата, која може да доведе до сериозни проблеми.
Поголеми шанси за отпорност на антибиотици
Вообичаена практика меѓу живинарите е да им даваат антибиотици на кокошките. Со јадење на ова пилешко, луѓето потоа можат да станат отпорни на овие лекови. Значи, ако имате некаква инфекција и земате антибиотици, постојат големи шанси лекот да не делува како што треба.