Бидете внимателни: ЈСП Скопје апелира на измама со картичката „Скопска“

од Nikola Popovski
55 прегледи

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Јавен превоз Скопје“ која не е поврзана со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Од официјалниот градски јавен превоз велат дека се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

Ова не е првпат да се утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка. И лани во октомври беше објавувано на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“. И тогаш од ЈСП соопштија дека се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

Кон крајот на октомври 2024 година, ЈСП Скопје воведе нов начин за купување билет за едно возење преку телефонски број 185 и новата мобилна апликација „Skopjebus“. Со оваа новина, патниците можат да купат билет за градски превоз само со еден повик и без потреба од користење валидатор. За купување билет, потребно е само патникот да заврти на бројот 185, по што ќе слушне „бип“ сигнал и говорна порака што потврдува купен билет по истата цена од 40 денари. Од моментот на повикот, билетот се активира, а патникот добива СМС порака за потврда.

Слични содржини