
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и рече на новинарка да биде „потивка“, откако беше запрашан за време на прес-конференцијата зошто тој не реагирал порано и не ги предупредил Американците за ширењето на коронавирусот.
Репортерот на ЦБС, Виџи Џианг прокоментира дека Трамп чекал предолго со предупредувања за новиот коронавирус и посочи дека тој сè уште одржувал митинзи во февруари со илјадници луѓе.
Трамп одговори дека тие веднаш издале забрана за патување во врска со влегувањето на странски државјани во Америка, вклучително и кинески државјани, на што таа посочи дека вирусот сепак се раширил низ земјата.
Претседателот рече дека во тоа време биле регистрирани само неколку случаи на заразени и ја замоли да му каже колку се заразени во моментот на издавањето на забраната. Кога почна да му враќа, Трамп и рече да биде „потивка“.
– Колку луѓе починаа во Америка пред да се затворат границите? Верувам дека тогаш никој не почина и треба да ми се заблагодарите за мојата добра проценка“, истакна тој.
Минатата недела, Трамп слично реагираше на репортерот на ЦБС, Пол Рид, кој исто така го праша зошто не постапил навремено во февруари.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=129&v=BCpjDRLHYXQ&feature=emb_title