Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса ја коментираше драматичната победа на пенали против Бразил во четвртфиналето на Копа Америка.
„Урусите“ беа со играч помалку по црвен картон на Нандез доцна во второто полувреме, но играчите решително се бранеа и го одведоа натпреварот до пенали каде што победија со 4-2.
„Сè што се случува се случува во уругвајски стил бидејќи играчите се тие кои даваат се за тимот“, изјави Биелса на новинарите.
„Тоа беше натпревар со многу малку прилики за гол, многу неизвесен, многу изедначен. Кога останавме со играч помалку, се вративме на одбраната. Така да задржувањето на овој резултат, како што направи уругвајскиот тим, го покажува профилот на уругвајскиот фудбал. Тие беа многу мирни при изведувањето пенали, што бара не само прецизност, туку и карактер“, додаде Биелса.
Тимовите на Биелса обично се карактеризираат со безмилосен напаѓачки фудбал и ниту една екипа нема постигнато повеќе голови на турнирот од Уругвај, кој постигна девет гола во групната фаза.
„Малку повеќе ме привлекува напаѓачки фудбал отколку да играм дефанзивно, но во толку напнат натпревар како овој, добро се браневме“, додаде Биелса.