„Биг Бен“ повторно ќе ѕвони по 5 години реновирање

од Vladimir Zorba
166 прегледи

По петгодишна пауза, од утре повторно ќе ѕвони најпознатата саат-кула во светот „Биг Бен“, објави „Вашингтон пост“.

163-години стариот часовник во британскиот парламент ќе продолжи да ѕвони секој ден по петгодишното реновирање вредно 95 милиони долари.

Од 2017 година, кога престана да работи, ѕвонеше само неколку пати – на почетокот на новата година, по „Брегзит“ и неодамна, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора, кога во септември заѕвони 96 пати, одбележувајќи 96 години на нејзиниот живот.

Слични содржини