Биг Бен ќе одекне вечерва и утре во чест на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Една од најголемите саат-кули во светот, лондонската Биг Бен, ќе одекне вечерва во 20 часот по локално време (21 часот по средноевропско време), кога ќе се одржи едноминутно молчење за починатата кралица Елизабета Втора, соопшти британскиот парламент.

Ѕвоното повторно ќе одекне во 20.01 часот за да го означи крајот на едноминутното молчење, објави „Гардијан“.

Биг Бен, исто така, ќе одекне на секоја минута утре додека ковчегот на кралицата се движи од Вестминстерската сала до Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи погребот.

Слични содржини