Биг Бен замолкна за 4 години

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Култното ѕвоно на камбаната Биг Бен одѕвони за последен пат во следните четири години, пред да започнат поправките на еден од симболите на Лондон. Во 12 часот на пладне 12 удари на познатата камбана одекнаа пред толпа од околу 1.000 луѓе, дојдени да го одбележат почетокот на најдолгиот период на тишина во 157-годишната историја на Кулата на Елизабета – часовникот кула која е дом на камбаната.

Последниот 12-ти удар на камбаната беше проследен со аплауз и охрабрувачки извици. Камбаната Биг Бен тежи 13,7 тони и ѕвони на секој час во денот. Други четири помали камбани одбележуваат одминување на секој четвртина час. Кулата на Елизабет е висока 96 метри и е најстарата фотографирана зграда во Велика Британија. Самата таа исто така често е нарекувана Биг Бен, иако тоа име официјално припаѓа само на камбаната.

Часовникот ќе продолжи да го одбројува времето, а камбаните ќе се слушаат само на важни настани како Нова Година и други слични прилики. Во рамките на поправките ќе бидат отфрлени и запчаниците и стрелките на часовникот за да бидат исчистени. Бидејќи ќе има одреден временски период во кој часовникот ќе биде без погонскиот механизам, современ електричен мотор ќе ги врти стрелките додека биде вратен оригиналниот механизам. Исто така за некое време додека течат поправките, лицата на часовникот ќе бидат покриени, но секогаш барем едно од нив ќе останува отворено, за да може лондончани да продолжуваат да го местат часовникот по него.