БиХ договори пријателска со Русија, Украинците шокирани: „Сакате да играте со терористичка држава?“

од Nikola Popovski
229 прегледи

Се нижат реакции откако Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина објави дека во ноември фудбалската репрезентација на таа земја ќе одигра пријателски натпревар со Русија, која беше санкционирана од ФИФА и УЕФА поради агресијата кон Украина.

Украинскиот спортски портал Трибуна на својот официјален Инстаграм профил објави прашање „Босна и Херцеговина, дали навистина сакаш да играш против репрезентација на терористичка држава?“.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина денеска со пет гласа „за“ одлучи да ја прифати поканата на Руската фудбалска федерација и да одигра пријателски натпревар во Русија, што го направија и фудбалските сојузи на Киргистан и Иран.

Во описот на објавата на Трибина е означен Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, со што е испратена директна порака да се откаже од ваквата одлука и им порача дека треба да се засрамат од тоа.

Бројни граѓани на Босна и Херцеговина во коментарите на објавата напишале дека мнозинството во Босна и Херцеговина ја поддржува Украина, но дека комплицираната политичка ситуација го направила своето врз раководството на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина.

Слични содржини