БиХ е извор на странски борци за ИД, според американската амбасадорка

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Американската амбасадорка во Сараево Норин Кормак предупреди вчера дека Босна и Херцеговина е извор за странски борци, кои ја поддржуваат групацијата Исламска држава.

islamisti-iraq-ww-624x320_0

Таа исто така ги повика властите на БиХ да спроведуваат реформи, со кои би се намалил бројот на невработените, кои се подложни на манипулација.

– Во оваа земја е изворот на странските борци, кои ја поддржуваат ИД и тоа е проблем, кој влијае врз животите на сите нејзини граѓани, нагласи Кормак на стручниот собор за борбата против тероризмот, кој го организира американското Министерство за правда.

Таа ги повика властите во Сараево да се обврзат на борба против екстремизмот и на процесурирање на слуачите на тероризам, изразувајќи очекување дека политичките лидери, институциите и цивилното општество поинтензивно ќе се ангажираат во борбата против ектремизмот во БиХ./МИА