БиХ е на второ место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19

од Nikola Popovski
235 прегледи

Од прогласувањето на пандемијата, во БиХ се регистрирани 9.150 смртни случаи од коронавирус, со што земјата е втора во светот по бројот на починати на милион жители, стои во податоците од „Worldometers“.

Според статистичките податоци на страницата „Our World in Data“, која ги следи податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, БиХ има 5,53 смртни случаи на милион жители, а за време на бранот на инфекции во март, имало дури 23,64. Стапката на смртност во однос на бројот на заразени лица во БиХ е највисока во Република Српска. Од 63.774 регистрирани случаи на Ковид-19 во РС, починале 3.558 лица, а во Федерацијата БиХ 5.201 од 121.438 потврдени случаи на инфекциј. Во областа Брчко починале 315 лица од 5.748 заразени.

Властите во БиХ сè уште не успеале да обезбедат доволен број дози на ваквина за масовна имунизација на населението, но во последните петнаесет дена бројот на новоинфицирани значително се намалил, додека бројот на смртни случаи е сè уште голем.

Слични содржини