На возачките дозволи во БиХ наскоро ќе биде наведено за тоа дали возачот се согласува неговите органи да бидат донирани во случај на смрт.
Тоа е измена и дополнување на Законот за основите на безбедноста во сообраќајот на патиштата во БиХ, а оваа опција е дефинирана во случај кога некое лице ќе потпише ваква изјава кога поднесува барање за возачка дозвола.
Овој закон бил усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина на предлог на Дамир Арнаут.
Арнаут на Твитер напишал дека ова е нормална пракса во светот, да се запише во возачка дозвола ако некое лице сака да донира органи во случај на смрт.
„Времето не се троши на согласност на семејството во ситуации кога секоја секунда е важна. Бројни животи се спасуваат“, изјавил Арнаут за порталот Кликс.