БиХ не ги признава македонските документи со старото име, земјите од ЕУ сами си одлучуваат

од Nikola Popovski
327 прегледи

Земјите-членки на ЕУ сами одлучуваат во однос на тоа како ќе се однесуваат со валидноста на македонските пасоши. Една земја има формален став, другите повеќе практично се поставуваат, меѓутоа воглавно граѓаните немаат поголеми пречки во однос на враќањето дома, рече шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи за состојбата со пасошите со старото уставно име.

Како што вели, пораката е дека повеќето од државите дозволуваат движење и со старите пасоши, доколку се валидни, но не може официјално да информира бидејќи нема официјална информација од земјите на Европа. За Швајцарија, Османи рече дека доставила нота дека дозволува влез со старите пасоши.

-БиХ не информира дека не ги признава документите со старото име (личните карти и пасошите), истакна министерот.

Во однос на излегување од земјава, нашиот закон не дозволува – законот на МНР, информира Османи.

-Сите обиди да се направи јавен притисок за продолжување на рокот на пасошите е нечесен без притоа да се седне на маса меѓу партиите. Уставот вели дека не можат да се сменат со закон. Преспанскиот договор е на сила и ние го почитуваме и имплементираме. Можеме да седнеме и да направиме планови, ајде да седнеме, кажа шефот на македонската дипломатија.

-Не е коректно партиите кои што со години им кажуваат на граѓаните дека ќе го вратат името… Голем дел од нив ги послушаа и не ги менуваа пасошите, а сега да повикуваат на нешто друго. Ајде да се организираме и да помогнеме на граѓаните, за да издаваме повеќе пасоши, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот тврди дека ставот на ЕК е дека Комисијата не носи одлука која што важи за цела ЕУ, туку е суверено прашање на секоја од државите во однос на македонските пасоши.

Според Османи, најитно е потребно да набавиме нови базни станици и да се распоредат по конзуларните претставништа на Македонија по другите земји, како и што побрзо да стигнат обрасците за патните исправи.

Слични содржини