БиХ: Воз со мигранти во блокада, забрането симнување од возот

од desk2
110 прегледи

Полицијата во Босна и Херцеговна потврди дека воз со 146 мигранти се наоѓа во блокада на тамошната железничка станица, затоа што нема дозвола патниците да се симнат.

Се работи за воз кој во четврток околу 2 часот по полноќ стигнал од Бихаќ.

„Во возот имаше 153 мигранти, а сега се 146. Седум мигранти, кои се ранлива категорија (жени и деца), синоќа ги презеде ИОМ и се сместени во Бихаќ.“, вели портпаролката на полицијата.

Слична ситуација имаше и на 24 октомври кога 90 мигранти кои допатувале од Сараево во Бихаќ не им беше дозволено да се симнат.

Тогаш со автобуси беа вратени во Сараево.