Бијонсе го посети родниот „Хјустон“ и настраданите од ураганот „Харви“

од Vladimir Zorba

Бијонсе, заедно со својата мајка и ќерка, го посети својот роден град Хјустон, кој настрада сериозно од ураганот “Харви”. За време на престојот 36-годишната суперѕвезда изведе говор пред настрадани од природната катастрофа во црквата “Свети Јован”.

Според информација на весникот “Entertainment Tonight” пејачката била емоционална и ѝ кажала на публиката дека се чувствува како дома.

“Вие сте моето семејство. Хјустон е мојот дом. Благодарам на бог дека сте безбедни, дека вашите деца се безбедни … Сакам само да кажам дека ве сакам “, изјавила Бијонсе.

Подоцна мајката на ѕвездата Тина Лоусон, како и нејзината поранешна колешка од групата Destiny’s Child Мишел Вилијамс раздавале храна на 400 жртви од поплавите во градот. Освен морална поддршка, Бијонсе обезбедила и финансиска помош за сиромашни, а според пасторот на пејачката Руди Расмусен таа направила “значителна донација”.

Слични содржини