346
Иако на самиот настан успеала да оди во тајност, Бијонсе го украде вниманието објавувајќи фотографија на Инстаграм.
По повод дебитантскиот филм на Мелина Матсоукас, инаку нејзина блиска соработничка и пријателка, Бијонсе се облече во мини фустан чиј крој е како создаден за девојките со облини.
Станува збор за креација на луксузната модна куќа Balmain, а пејачката носеше и нивна торба.
Овој фустан го комбинираше со чизми со змиски принт со потпис од брендот Brother Velies, а во целокупен „сафари“ стил ги вклопила и нејзината фризура и шминка.
И самата дизајнерска куќа на својот Инстаграм профил се пофалија со фотографија од дивата.