Бијонсе одмора на Бора Бора пред раѓањето

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Американската пејачка Бијонсе Ноулс се оддаде на заслужен одмор на егзотичното одморалиште Бора Бора на Француска Полинезија пред раѓањето, соопшти “Контакт мјузик”. Заедно со нејзиниот сопруг Џеј Зи се упатија на последниот одмор пред појавата на близнаците кои ги очекуваат.

35-годишната убавица и раперот веќе имаат едно дете – Блу Ајви, кое оваа година наполни 5 години. Во оваа врска двојката планира купување на поголема куќа, која ќе го собере растечкото семејство.

Бијонсе објави дека е бремена во својот профил во Инстаграм во почетокот на февруари. Малку потоа пејачката соопшти дека планира да направи од 5-годишната ќерка мини тајкун, со тоа што ќе го претвори нејзиното име во заштитен знак за производи за убавина, мода и електроника.

Според таблоидот “Ти Ем Зи” суперѕвездата веќе дури ги потпишала документите со кои ќе ги задржи правата на “Блу Ајви Картер” и тие биле одобрени. Од медиумот издаваат дека најверојатно брендираното име на нејзината ќерка ќе биде искористено за сè – од производи за нега на косата и мода, до мобилни уреди и видео игри.