Бијонсе откри дека уште од детството боледува од автоимуна болест: Сега првпат јавно проговори за тоа

од Stefanija Kuzmanovska
1,3K прегледи

Познатата пејачка Бијонсе неодамна отворено проговори за својата кариера, но и за својот личен живот.

Така откри дека уште од детството боледува од псоријаза, автоимуна болест на кожата.

„Детството го поминав во салонот на мајка ми. Татко ми ми нанесуваше масла на скалпот за да ми ја лекува псоријазата. И денес добро се сеќавам на сето тоа, тие спомени ми се свети“, изјави таа за Essence.

„Разговорите кои се водат во фризерски салони или берберници им даваат чувство на заедништво на оние кои одат таму и речиси бегаат од нивниот секојдневен живот. За нив тоа е место каде што се смеат, споделуваат тајни едни со други, се чувствуваат убаво, споделуваат мудрост. Важно е да се има такво нешто“, додаде Бијонсе.

Слични содржини