Бијонсе скршена од болка: Нејзиниот татко откри дека е тешко болен

од desk4
244 прегледи

Таткото на Бијонсе, Метју Ноулс, го паметиме како менаџер на бендот Destiny’s Child, во кој членуваше самата таа. Тој и мајка ѝ Тина секогаш ѝ биле поддршка на Бијонсе, а потоа и на нејзината сестра Соланж, која се обиде да се пробие во музичкиот свет.

Метју со години се бори со рак на дојка, кој иако се појавува во 99% од случаите кај жените, ниту мажите не се поштедени.

Дури и по разводот од Тина, тие двајца биле постојано покрај своите ќерки, како поддршка во развојот на нивните кариери. Неговата болест била голем шок за семејството, никој не очекувал такво нешто да се случи.

Метју беше продуцент на првиот соло-албум на Бијонсе. Потоа продолжил да предава на факултет, група предмети од областа на социологијата, а напишал и книга „Расизам: Низ очите на едно дете“.

Бијонсе не може да го поднесе фактот дека нејзиниот татко е тешко болен, но секогаш е тука да помогне ако за тоа има потреба. Борбата е долготрајна, но ниту еден член од семејството Ноулс не се предава.

Слични содржини