Познатата пејачка Џенифер Лопез (52) беше фотографирана на плажа со својот вереник Алекс Родригез (45) и по тој повод го истакна совршено затегнатото тело што е резултат на напорно секојдневно вежбање, а фановите полудеа колку добро изгледа.
Имено, латино дивата и поранешниот бејзбол играч беа фотографирани на одмор на романтичните острови Туркс и Каикос, каде уживаа во природа, пливањето и сончевите зраци.
Одлучија да го поминат одморот во многу луксузно летно одморалиште и не се одделуваа едни од други цело време. Дури и матните фотографии од далеку направени од папараците покажуваат дека Џенифер изгледа совршено, а сите особено го зумираат нејзиниот задник, кој е, како и секогаш, е затегнат без тронка целулит.
По тој повод, таа беше фотографирана во розово дводелно бикини на врзување и го истакна рамниот стомак, подигнати гради и затегнати нозе, на кои им завидуваат многу жени ширум светот. Во еден момент, Џенифер се фати за нејзиниот задник и за долниот дел од бикините, што го забележаа фотографите, а сите присутни гледаа само во неа, а таа ја разбуди фантазијата и кај присутните мажи и кај другите кои ги гледаа нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Алекс цело време лежеше на лежалка, се сончаше и гледаше во својата убава свршеница, во која е лудо вљубен.
Патем, островите Туркс и Каикос се наоѓаат источно од Бахамите и се познати по своето кристално чисто море и недопрените песочни плажи, каде многу ѕвезди од јавната сцена сакаат да уживаат, а овој славен љубовен пар не ужива ништо помалку.