Арина Волошина, поранешната девојка на актерот Милош Биковиќ, на своите социјални мрежи објави подолга порака во врска со српскиот актер, во која се наведува дека тој ја малтретирал и емоционално ја злоставувал. Биковиќ на Твитер одговори на нејзините обвинувања.
Веста дека Арина и Биковиќ се заедно се појави во мај оваа година, иако Русинката вели дека биле во врска околу една година.
„Не го живеев животот околу една година, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за мојот имиџ, угледот (што му е најважно, но за жал, сликата на екранот не одговара на реалноста, особено е застрашувачка кога човек го споменува Бог на секој чекор). Ја имав последната надеж дека има нешто човечко во него. Но, на 31 јули, се целосно се распадна. Човекот се однесуваше многу грубо“, напиша Арина на Инстаграм.
Таа вели дека врската ја криеле извесно време, но дека кога се излегло во јавноста, работите во нивната емотивна врска тргнале надолу. Таа вели дека добивала пораки од непознати лица со закани дека ќе ја убијат.
Оваа вест, очекувано, предизвика огромни реакции кај домашната твитер заедница, а покрај многуте негативни коментари за актерот, имаше и обожаватели кои го поддржуваат. Самиот Биковиќ одговори на еден таков твит за поддршка.
„Умирам да чујам што ќе кажат Аглаја и Кристина од градинка“, напиша тој.
stay unbothered king 🙏🏻<3 pic.twitter.com/sv1slq7PdF
— winxica (@ninawwx) August 1, 2021