Бил и Мелинда Гејтс беа еден од најпознатите парови во светот, а нивниот брак траеше речиси три децении. Пред две години светот беше изненаден од веста дека се разведуваат по 27 години брак, а сега изгледа дека Бил има нова девојка.
Како што пренесуваат странските медиуми, еден од најбогатите луѓе на светот веќе некое време ужива во романса со Пола Херд (60).
„Тие се неразделни“, изјави пријател на двојката за Daily Mail.
Bill Gates is dating Oracle CEO Mark Hurd’s widow Paula: report https://t.co/2qw38mJOEY pic.twitter.com/1fGRVPqadR
— Page Six (@PageSix) February 8, 2023
Инаку, Пола беше во брак со претседателот на компанијата „Оракл“, Марк Херд, кој почина од рак во 2019 година. Нејзиниот покоен сопруг долги години работел за NCR, а во моментот на неговата смрт неговото богатство се проценувало на 500 милиони долари.
Пола работела како извршен директор на NCR, каде што го запознала својот иден сопруг, со кој се омажила во 1990 година и ги добиле двете ќерки, Кетрин и Кели.
Интересно е што основачот на „Мајкрософт“ и директорот на „Оракл“ често се дружеле и поминувале време заедно, а еднаш дури и Пола и Марк беа фотографирани зад Гејтс на тениски меч во Калифорнија во 2015 година.
Пола и Бил го направија своето прво јавно појавување на финалето на Австралија опен минатиот месец, што дополнително ги подгреа сомнежите дека меѓу нив има повеќе од пријателство.
„Тие се заедно повеќе од една година и таа отсекогаш била опишувана како мистериозна, но за нивниот поблизок круг не е мистерија дека се во романтична врска“, додал извор близок на парот.
Откако фотографиите станаа вирални, Гејтс во едно интервју откри дека е отворен за нови врски по разводот. На новинарско прашање дали би сакал да најде љубов, тој неодамна одговори: „Се разбира, јас не сум робот“.