Бил Гејст утре ќе се сретне со Си Џинпинг

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во петок, објави „Ројтерс“ во средата, цитирајќи два извора запознаени со ова прашање.

Состанокот ќе биде прв на Џинпинг со странски извршен директор по години, се вели во извештајот, бидејќи кинескиот лидер престана да патува во странство скоро три години откако Кина ги затвори своите граници за време на пандемијата.

Тоа би можело да биде средба еден на еден, наведе „Ројтерс“, без да образложи за што би можеле да разговараат.

CNBC се обратило до министерството за надворешни работи на Кина, но не добиле одговор.

Двајцата се запознаа во 2015 година на маргините на Форумот Боао, собир на политички и деловни лидери, одржан во провинцијата Хаинан. Тие разговараа за позициите за подобрување на јавното здравје и намалување на сиромаштијата, според кинеското министерство за надворешни работи.

Бил Гејтс во средата на Твитер објави дека слетал во Пекинг за да „ги посети партнерите кои работат на глобалните здравствени и развојни предизвици“ за Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Ова е негова прва посета од 2019 година.

Слични содржини