Бил Гејтс главен херој во чудно „едукативно“ видео за деца (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

„Што ако Бил Гејтс исчезне“ е насловот на чудното „едукативно“ видео за деца објавено на Јутјуб. Видеото ги предупредува децата дека светот би бил многу полош ако, по некоја случајност, исчезна милијардерот и основач на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

Видеото, објавено на канал кој за публика претежно има деца, наведува дека во тој случај „многу почитуваниот милијардер би им недостигал на многумина“.

Анимираното видео прикажува двајца херои, едниот наречен „чиста енергија“, а другиот „здруженија на лекари“ кои плачат кога Гејтс исчезнува и престанува да им дава пари, пренесува РТ.

Во видеото се наведува дека фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е „најголемата приватна хуманитарна фондација во светот“ и дека, во случај на исчезнување на Гејтс, „филантропијата ќе претрпи тежок удар“.

Исто така, во тој случај, другите милијардери би можеле да престанат да донираат пари за хуманитарни цели.

Нараторот вели дека „исчезнувањето на Гејтс би довело до удар во борбата против климатските промени“ и „ќе доведе до враќање на фосилните горива“.

Потоа заклучува дека тогаш на славниот милијардер Ворен Бафет „многу ќе му недостасува неговиот најдобар пријател“, по што следеше приказ на Бафет како седи на клупа и плаче.

Видеото е објавено на детскиот канал „AumSum Time“, кој претходно беше наречен „Паметно учење за сите“ и има два милиони претплатници и скоро 600 милиони прегледи.

Според LinkedIn, каналот е со седиште во Индија и е основан од Чинмаи Шах.

Иако коментарите на YouTube за ова видео се исклучени, на други социјални мрежи, како што е Twitter, коментарите се дека видеото е бизарно и застрашувачко.

Постојат и други слични бизарни снимки на тој канал, како оние со наслов „Што ако Илон Маск исчезне“ или „Што ако кралицата Елизабета исчезне“.

Слични содржини