Во неодамнешното интервју за американскиот Си-Ен-Ен, Бил Гејтс, коосновач на Мајкрософт, претставил „лоши вести“ за оние кои оптимистички се надеваат дека со пристигнувањето на вакцината ќе се стави крај на пандемијата на коронавирус.
„За жал, следните четири до шест месеци ќе бидат најлошите месеци од пандемијата“, рече Гејтс, додавајќи дека се предвидува дека најмалку уште 200.000 луѓе ќе ја загубат битката со Ковид-19 само во Америка. Сепак, тој исто така истакнал дека може да се избегнат голем број смртни случаи ако носиме маски.
Во ова интервју, Гејтс исто така соопштил дека вирусот може да испадне да биде дури и пофатален отколку што е сега, но дека е изненаден од разорното влијание што го има пандемијата не само врз американската, туку и врз светската економија – многу поголемо отколку што самиот Гејтс предвиде пред пет години.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети нови 250 милиони долари за развој на вакцината против коронавирус, која ќе биде поевтина и подостапна за секого.
Фондацијата Гејтс веќе донираше 70 милиони долари помош во ноември, а со оваа нова донација за борба против пандемијата се донирани вкупно 1,75 милијарди долари.
Сепак, Гејтс ја обележа пандемијата како главна цел на разни теории на заговор, од кои најпопуларна 3 секако дека Гејтс сака да не чипира со вакцините.
Како еден од најбогатите луѓе во светот, Гејтс веќе долго време е мета на напади на Интернет, но последните недели нападите врз него на социјалните мрежи се интензивираат од различни страни, од групите кои се против вакцинирањето до приврзаници на изложената теорија на заговор што го поврзува коронавирусот со технологијата 5G.
Гејтс беше лажно прикажан на социјалните мрежи како креатор на Ковид-19, профитер од вакцината и дел од основата на планот за користење на болеста за следење на глобалното население.
Иако звучи навистина неверојатно, веста на Фејсбук дека преку оваа теорија на заговор Гејтс всушност измислил вирус за да вбризга чип во телата на луѓето преку вакцина, преку која ќе има контрола над сите и конечно ќе владее со свето, била споделена над деветстотини илјади пати, а исто така има десетици видеа на ЈуТјуб со лажни вести кои шират „докази“ дека Гејтс ги чипира луѓето преку идната вакцина.
Гејтс ова лето конечно одговори на обвинувањата дека сака да чипира луѓе.
„Да, во ситуација кога имаме социјални мрежи каде се споделуваат такви „возбудливи“работи и пандемија во која сè е неизвесно, на луѓето им е полесно да имаат едноставно објаснување, а луѓето како мене стануваат мета, со пристигнување од милион пораки секој ден. Нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини што ќе спасат животи од која било друга организација, но, тие ги претвораат во обвинувања дека заработуваме од тоа и се обидуваме да убиеме луѓе измислувајќи нешто ново. Барем еден дел што не поврзува со вакцините е точен, но таа поврзаност е искривена“, изјави Гејтс за Си-Ен-Ен.