Бил Гејтс откри дали ќе ја прими вакцината против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, вложи огромна сума на пари во истражување за вакцината против корона, но тој исто така е омилена цел на теоретичарите на заговор.

Во разговор за германскиот „Шпигел“, Гејтс беше запрашан дали е изненаден од пандемијата, на што тој одговори дека некои нејзини аспекти се многу изненадувачки.

„Се разбира, идејата дека светот е изложен на ризик од епидемија на респираторна болест која се пренесува од човек на човек е нешто за што многу светски здравствени експерти зборуваат со децении. Но, претежно разговараа меѓусобно. Никој не очекуваше дека тоа може да биде коронавирусот. Во ретроспектива, може да се каже: Еј, имаме МЕРС, имаме САРС, ова семејство на коронавируси очигледно може да ја премине границата на видовите. Меѓутоа, ни требаше многу време да ги разбереме симптомите на оваа болест“, рече Гејтс.

Тој посочи дека американскиот одговор на коронавирусот бил многу слаб.

На прашањето дали ќе ја прими вакцината против коронавирус, Гејтс рече дека „сигурно нема да го искористи привилегираниот пристап до вакцината ако имаме ограничени залихи“.

„Ако сум квалификуван според вообичаените критериуми, ќе се вакцинирам. Ќе ги погледнам податоците за одобрување во итни случаи и ќе мислам дека е паметно да се направи. Но, нема да одам преку ред. Постојат многу групи луѓе кои се поважни од мене во однос на пристапот до вакцината: здравствени работници, луѓе кои работат во домови за стари лица или затвори, луѓе кои живеат во повеќегенерациски семејства “.

Коментирајќи го фактот дека тој е цел на разни теории на заговор, Гејтс рече дека нема да вградува микрочипови кај луѓето.

„Јас не го создадов конавирусот. Нашата фондација спасува животи. Благодарение на вакцините во сиромашните земји, нашата историја во последните 20 години е една од најпрекрасните работи кои човештвото ги направило, додаде тој.

Слични содржини