Бил Гејтс позираше со својата 60-годишна девојка на црвениот тепих

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Бил Гејтс на доделувањето на наградите „Breaktrough“ во Лос Анџелес се појави со својата девојка, 60-годишната Пола Херд.

68-годишниот милијардер насмеано позираше на црвениот тепих со својата девојка, вдовицата на поранешниот извршен директор на Oracle, Марк Херд.

За потсетување, Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година.

Гејтс и Херд веќе беа видени заедно следната година, а врската ја потврдија во 2023 година.

Слични содржини