Бил Гејтс предвидува што ќе се случи во 2024 година: Еве која област ќе доживее најмногу промени

од Stefanija Kuzmanovska
500 прегледи

Милијардерот Бил Гејтс ги претстави своите предвидувања за 2024 година, нагласувајќи го развојот на вештачката интелигенција, особено во медицината и образованието.

„Иновациите се причината поради која нашите животи толку многу се подобрија во текот на минатиот век. Од струја и автомобили до лекови и авиони, иновациите го направија светот подобро место“, напиша Гејтс на својот онлајн блог.

Тој истакнува дека веќе има докази дека користењето технологија може да им помогне на вработените да напредуваат.

Една од областите кои најмногу се менуваат под влијание на вештачката интелигенција е медицината.

Иако многу се работи на развој на вештачка интелигенција која би можела да им помогне на лекарите или дури и да ги открие симптомите на болеста подобро од нив, Гејтс истакнува дека голем технолошки бум во медицината може да се очекува дури на крајот на оваа деценија.

Тој наведува дека вештачката интелигенција помага да се решат проблемите како отпорноста на некои вируси на антибиотици и во третманот на високоризичните бремености и проценката на ризикот од ХИВ.

Гејтс очекува дека и образованието може да биде цел на вештачката интелигенција. Тој се осврнува на неговата употреба во училниците.

Тој ги нарекува неверојатни алатките кои ги користи вештачката интелигенција, а кои се веќе достапни на сите денес.

Пред сè, Гејтс мисли на алатки кои можат да помогнат во учењето и објаснувањето на материјалот на децата.

Според Гејтс, тоа не значи дека наставниците ќе станат вишок, туку дека со помош на вештачката интелигенција ќе можат персонализирано да им пристапат на учениците и ќе им овозможат да искористат мотивација за одредени предмети.

Слични содржини