Бил Гиб – возбудата во неконвенционалното облекување

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Есенцијален во изборот на матерријали, уникатен во моделирање и креирање на модни парчиња, модниот дизајнер Бил Гиб 1943-1988), внесе нова динамики во авангардните идеи за облекувањето и храброста да се биде уникатен. Опуштеноста, неконвенционалноста ја покажуваат внатрешноста на луѓето, а модата ја остава во реалниот каузалитет како основа и предоминација на човековото око.
Неговата инспирација доаѓа од предрафаелистите, готиката и ренеснасниот период, иако неговото шкотско потекло влијае на веселите ноти и изразот на униформирање, типичен за шкотската традиција.