Етничката енергија не е кочница како порано, туку криминалот и партизацијата. Последниве 10 години не може да се собере критична маса за дестабилизација во однос на етничките прашања. Главната пречка е партизацијата. Партизацијата го уништи образованието, здравството, вели во „Студио 10“, проф. Мерсел Биљали.
Според него ние немаме систем со кој ќе се елиминира таа злоупотреба.
-Со ваква партизација каде политичарите ви даваат ливчиња со имиња кои треба да се вработат, придонесдува младите да го намалат квалитетот на учење, да не бидатпрофесионални ида имаат на ум дека е доволчно е да се најде политичка врска. Тоа е рана што не држи 20, 30 години, вели тој.
Професорот смета дека опозција треба да има тим експерти кои ќе креираат политика со решение.
-Опозиција треба да собере експерти и тие ќе кажат и да направат проект за тоа што ни треба, а не да ни кажуваат овој украл пари и со тоа стануваат здодевни.Нема демократија без силан опозција, вели Биљали.