321
„Не можам да навлезам во причините зошто претседателот Пендаровски баш сега одговара на прашањата за таа тема. Според мене, иако не сум експерт на ова поле, тоа што се случи на 27-ми парил е тешко да се квалификува како тероризам“, вели политичкиот аналитичар и професор, Мерсел Биљали, за емисијата „Студио 10“.
Според него, тероризмот е маргинална политичка група која сака со сила, терор и страв да дојде до политички цели.
„Тоа на 27-ми април беше преврат, обид за државен удар“, смета Биљали.
За денешната средба меѓу Пендаровски и Мицкоски, тој потенцира дека не очекува да се дојде до одлука, со која ќе се помилуваат лицата кои се осудени за тероризам за настаните во Собранието.