Заев ако си заминува значи се е исцрпено и исцедено од него и треба нова енергија и тој е свесен за тоа.Не е случајно и не би рекол дека кандидатот за негова замена е баш негов личен избор, сметам дека има и други фактори кои влијаеле .Јас имам симпатии кон него, дури и ВМРО го пофали ќе биде интерсно, вели во „Студио 10“, политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.
Во однос на влезот на Алтернатива во Владата политичкиот аналитичар вели дека е малку контраверзно.
– Партија која не се согласува со ДУИ, влегува во власт со ДУИ.Јас мислам дека Алтернатива направи пропуст со локланите избори имаше шанса да го добие Тетово, но кандидатот немаше ни кампања, вели аналитичарто.
Во однос на повеќе годишното владеење на ДУИ тој коментира: „Структура која е 20 години на власт е трула и и треба терапија да оздрави“.