Универзитетски професор Мерсел Биљали во „Студио 10“, вели дека е позитивно изненаден што заеднички се имаат договорено 2-3 струи во СДСМ и со тоа се имaaт покажано дека постои некаков демократски капацитет во таа структура.
-Есенцијата на политиката е да се најде решение кога позицијата ви е во ќор сокак. Кога имате повеќе претенденти, па суетата од минатото, очекувам дека денеска ќе излезат со кандидат за премиер. Не сакам да бидам песимист, но претпоставувам дека најлошото е зад нив, па една помлада генерација има сила и енергија и може да се фати со сите проблеми. Држави кои до вчера беа банана-држави, направија нешто, влегов во Г20, секогаш зад нив стои некој лидер со идеал. Велат, народот е виновен, затоа што треба народот на клоци да избрка режим кој не ги исполнува обврските. Тоа е улогата на власта, ако таа е мирна, ако нема силни протести, нема критична маса. Тогаш има комотна власт. Крајно време е нешто да се направи, вели Биљали .
Тој вели дека новиот лидер на СДСМ не смее да биде во сенка на Заев.
-Прво ќе биде лошо да биде во сенка, значи ако сакате да уништите партија или нов лидер не треба тој да биде чадор и никогаш со ниедна изјава да не се мешате, коментира Биљали.