Биљали: Путин сака да биде во центар на внимание, тоа е логика на диктатор

од Nikola Popovski
413 прегледи

Путин сака Украина да биде како Швајцарија или Финска. Таков неутрален статус имаат и Австрија и Шведска. Со тоа се елиминира можноста, со која Путин цело време го хранеше режимот дека секое НАТО проширување кон Истокот претставува сериозна безбедносна опасност за Русија, вели професорот и аналитичар Мерсел Биљали во емисијата „Топ тема“.

Според него, Путин ја оправда војната во Украина со лаги.

-Рускиот претседател очигледно чувствува дека е ослабен. Тоа е логиката на диктаторите и сака да биде во центарот на вниманието. Мислам дека ова брзо ќе заврши за 3-4 дена, додава Биљали.

Слични содржини