Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија

од Берта Китинска
287 прегледи

За Арта Биљали Зендели од ДУИ изјавата на албанскиот претседател Еди Рама за одвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговорите со посетата на Урсула вон дер Лајен во Бугарија е еден вид на притисок врз бугарската страна.

– Тоа покажува дека и Бугарија претставува одредени сигнали на закочување на одредени интеграциони процеси во Европа, кои по примерот на Украина не смеат да се дозволат. Институциите на ЕУ се повеќе од свесни за тоа. Сметам дека еден ваков став на Рама повеќе ќе придонесе кон забрзување на процесот на интеграција и вршење мек притисок врз Бугарија, да ги омекнат ставовите. – рече Биљали Зендели во „24 Анализа“.

Слични содржини