Биланс: Од коронавирус починале 342.295 луѓе

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Пандемијата на новиот коронавирус уби најмалку 342.295 луѓе во светот откако се појави во Кина во декември, јавува АФП со новиот биланс, базиран на официјални податоци до денес до 13.00 часот по средноевропско време.

Од почетокот на епидемијата се заразени повеќе од 5.327.680 луѓе во 196 земји и територии. Тој број рефлектира само дел од вистинскиот број на заразени, бидејќи голем број на земји само тестираат случаи на луѓе кои мораат да одат во болница. Меѓу тој број, најмалку 2.066.300 се смета дека биле излечени до денес.

САД, кои го регистрираа првиот случај поврзан со вирусот на почетокот на февруари, се најтешко погодената земја во однос на бројот на загинати и заразени, со 97.087 смртни случаи и 1.622.670 заразени. Најмалку 361.239 лица се сметаат за излечени.

По Соединетите држави, Велика Британија беше најтешко погодена со 36.675 смртни случаи и 257.154 заразени, Италија со 32.735 смртни случаи и 229.327 заразени, Шпанија со 28.678 смртни случаи и 235.290 заразени и Франција со 28.332 смртни случаи и 182.469 заразени.